УТРО.мк

Избран нов премиер на Словенија, ќе има малцинска влада

Избран нов премиер на Словенија, ќе има  малцинска влада
Vero

Словенечкиот парламент денеска го избра Јанез Јанша за нов премиер на земјата, со што тој го започнува својот четврти премиерски мандат. За неговиот избор гласаа 51 пратеник, додека 36 беа против, јави агенцијата СТА, пренесува ДПА.

Јанша, лидер на Словенечката демократска партија (СДС), најави формирање малцинска влада во соработка со други десничарски партии, која би добивала поддршка од надвор од ултрадесничарската проруска група „Ресница“ (Вистина).

Со ова тој го наследува досегашниот премиер Роберт Голоб, лидер на лево-либералното Движење „Слобода“ (ГС), кој беше на власт во последните четири години. Иако неговата партија победи на последните парламентарни избори, не успеа да обезбеди мнозинство за продолжување на владејачката коалиција.

Во своето обраќање пред пратениците, Јанша најави дека новата влада ќе се фокусира на децентрализација, намалување на бирократијата и засилена борба против корупцијата, истакнувајќи дека целта е подобра иднина за идните генерации.

Јанша (67) претходно ја предводеше Словенија во три мандати – од 2004 до 2008 година, од 2012 до 2013 година и од 2020 до 2022 година.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран