УТРО.мк

Мечка снимена кај Шеталиштето во Битола: Граѓаните бараат итна реакција од надлежните

Мечка снимена кај Шеталиштето во Битола: Граѓаните бараат итна реакција од надлежните
Vero

Млада мечка веќе неколку дена предизвикува загриженост кај жителите на Битола и околните села, откако на социјалните мрежи беа објавени повеќе видео-снимки од нејзиното движење низ населени места и во близина на градот.

Според сведоштва на граѓани, мечката најпрво била забележана во атарите на селата Трн, Оптичари и Гнеотино, каде што талкала низ нивите и земјоделските површини во потрага по храна.

Дополнителна вознемиреност предизвикала снимката направена синоќа, на која се гледа мечката во близина на Градското Шеталиште и стадионот во Битола.

Граѓаните велат дека се чувствуваат несигурно и апелираат до надлежните институции итно да преземат мерки за безбедност и соодветно згрижување на животното, со цел да се избегнат можни несакани инциденти.

На социјалните мрежи продолжуваат да се споделуваат снимки и информации за движењето на мечката, додека жителите внимателно ја следат ситуацијата.

Видеото може да го погледнете на Nezavisen.mk

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран