
ЈКП „Водовод“ Битола информира дека утре, 22.05.2026 година (петок), поради санација на дефект на ПВЦ цевка Ф 315, ќе има прекин во водоснабдувањето за корисниците од село Оптичари до граничниот премин Меџитлија.
Прекинот ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до целосно завршување на активностите за санација на дефектот, соопштуваат од претпријатието.
















