УТРО.мк

Коњановски на настан за културна различност: Градиме општество на почит и разбирање

Коњановски на настан за културна различност: Градиме општество на почит и разбирање
Vero

Во декември 2002 година, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 мај за Светски ден на културната различност. Овој ден ја нагласува клучната улога на меѓукултурниот дијалог за постигнување мир и одржлив развој и е посветен на вреднување на културните разлики меѓу луѓето и земјите ширум светот.

Општината денеска организираше настан на кој се обрати градоначалникот на Битола Тони Коњановски, а беше присутен и претседателот на Советот Бојан Бојкоски.

Општина Битола доследно по втор пат го одбележа овој ден, со цел да се зголеми разбирањето за тоа колку е вредна културната различност. Тоа е исто така средство за промовирање на четирите цели на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита и промоција на различноста на културните изрази усвоена на 20 октомври 2005 година:

  • Поддршка и промоција на одржливи системи на владеење за културата;
  • Да се постигне избалансиран проток на културни добра и услуги и да се зголеми мобилноста на уметниците и културните професионалци;
  • Интегрирање на културата во рамки за одржлив развој и
  • Промовирање на човековите права и фундаментални слободи.

Во одбележувањето на Светски ден на културната различност зедоа учество: КУД „Илинден“, АФ „Гоце Делчев“, ФА „Битола“, ЦЕНТИФ „Етно Илинден“, АФ „Плетенка“, Комуната на Власи, Здружение „Ромска ѕвезда“, Здружение за Македонско-Српско пријателство, Здружението на Ракотворци Битола, Македонско Турско здружение „Мустафа Ќемал Ататурк“ Битола, Здружение „Нентори 22“ Битола, Хрватски културен центар„Марко Марулиќ“, а настанот беше збогатен со две изложби фотрографии од стара Битола и фолклорни мотиви.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран