
Во централното подрачје на Скопје, во близина на Жена парк, денеска напладне се случила сообраќајна несреќа во која бил повреден пешак, информираат од Министерството за внатрешни работи за „Фокус“.
Од СВР Скопје наведуваат дека на 21 мај 2026 година, околу 13:09 часот, на улицата „Филип Втори Македонски“ патничко возило марка „шкода“ со скопски регистарски таблички удрило во пешак.
На местото на настанот веднаш бил извршен увид, а надлежните служби работат на утврдување на сите околности под кои дошло до несреќата.
















