УТРО.мк

ВЛЕН: „Партијата на милионерите нема морален кредибилитет да зборува во име на Албанците“

ВЛЕН: „Партијата на милионерите нема морален кредибилитет да зборува во име на Албанците“
Vero

ВЛЕН со остри критики кон Демократска унија за интеграција и лидерот Али Ахмети, обвинувајќи ја партијата дека „нема морален кредибилитет да зборува во име на Албанците“.
Во партиското соопштение, ВЛЕН наведува дека ДУИ е „партија на милионери создадени преку ноќ“, која, според нив, две децении ја користела власта за лични и партиски интереси, додека граѓаните добивале „измами, пропаганда и лажен патриотизам“.

Од ВЛЕН тврдат дека политиките на Али Ахмети создале поделби меѓу Албанците и ја претвориле власта во „семејна и партиска привилегија“. Во реакцијата се посочува дека ДУИ молчела во ситуации кога, како што наведуваат, биле загрозени Албанци, албански бизниси и млади луѓе.

Партијата дополнително ги обвини Ахмети и Бујар Османи дека не можат да се помират со поразот во Чаир и дека се опседнати со Изет Меџити, кого го нарекоа „нивниот најголем политички кошмар“.

Во соопштението, ВЛЕН упати обвинувања и за, како што велат, коруптивно владеење на ДУИ во изминатите 22 години во коалиција со Социјалдемократски сојуз на Македонија и Внатрешна македонска револуционерна организација – Демократска партија за македонско национално единство, оценувајќи дека „колку подолго ДУИ остане во опозиција, толку подобро ќе биде за Албанците“.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран