УТРО.мк

Хорор во Скопско – Убиство на 37-годишна жена застрелана со пиштол во глава

Хорор во Скопско – Убиство на 37-годишна жена застрелана со пиштол во глава
Vero

Жена на возраст од 37 години била пронајдена со прострелна рана во главата во скопско село. 

Од Обивинтелството известија дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на СВР Скопје извршиле увид на лице место во село Копаница, скопско, каде беше пронајдено нејзиното тело.

– По наредба на јавниот обвинител телото на починатата е дадено на обдукција, а се преземаат и други мерки и активности за целосно расчистување на случајот. Покрај телото е пронајден пиштол „глог19“, сопственост на нејзиниот сопруг. Лицето веднаш беше обезбедено и Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали, по член 396 од Кривичниот законик, информираа од ЈО. 

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот и притворската мерка е прифатена од Судот.

Во меѓувреме, ОЈО Скопје и СВР Скопје продолжуваат да постапуваат за целосно испитување на настанот. 

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран