УТРО.мк

Сопругот тврди дека жената се самоубила: МВР со нови детали за трагедијата во Копаница

Сопругот тврди дека жената се самоубила: МВР со нови детали за трагедијата во Копаница
Vero

Се огласија од Министерството за внатрешни работи во врска со починатата жена во скопското село Копаница. 

– На 19.05.2026 во с. Копаница, скопско, постапувајќи по претходна пријава, полициски службеници од СВР Скопје ја пронајдоа почината Х.Р.Ј. (37) од Косово, со прострелна рана во главата, а покрај телото е пронајден пиштол „глог19“, сопственост на нејзиниот сопруг Д.Ј.(42) од с.Копаница, кој го поседувал без дозвола. Според исказот на Д.Ј., истиот ден околу 10:00 часот, во семејниот дом настанала расправија меѓу него и неговата сопруга Х.Р.Ј., по што, според негово кажување, таа извршила самоубиство, информираа од полцијата.

За оружјето, против Д.Ј. е поднесена кривична пријава поради сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали”, по член 396 од КЗ.

– Во однос на починатото лице, пак, по насока на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција. СВР Скопје, по насоки на ОЈО Скопје, презема и други мерки и активности за целосно расчистување на случајот, велат од МВР. 

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран