УТРО.мк

ВИДЕО – Украинските дронови ја погодија руската нафтена индустрија: Дел од најголемите рафинерии запреа со работа

ВИДЕО – Украинските дронови ја погодија руската нафтена индустрија: Дел од најголемите рафинерии запреа со работа
Vero

Речиси сите поголеми рафинерии за нафта во централниот дел на Русија биле принудени целосно или делумно да го запрат производството по серијата украински напади со беспилотни летала изминативе денови, покажуваат официјални податоци и извори запознаени со ситуацијата.

Според информациите што ги објави Ројтерс, вкупниот капацитет на погодените рафинерии надминува 83 милиони тони годишно, што претставува околу една четвртина од рускиот капацитет за рафинирање на нафта.

Поради нарушувањата, Москва веќе воведе забрана за извоз на бензин, која ќе важи од април до крајот на јули.

Меѓу погодените капацитети се рафинериите во Кириши, Москва, Нижни Новгород, Рјазан и Јарослав. Рафинеријата Кириши, една од најголемите во Русија со капацитет од 20 милиони тони годишно, наводно е целосно затворена од 5 мај.

Напад била и рафинеријата НОРСИ во Нижни Новгород, која има капацитет од 17 милиони тони годишно. Засега нема официјална потврда дали фабриката продолжила со делумно производство по нападот.

Украинските напади не се ограничени само на рафинериите. Во Пермскиот регион, на повеќе од 1.500 километри од украинската граница, беа погодени делови од енергетската инфраструктура, вклучително и станица на системот „Транснефт“, каде што избувнал голем пожар.

Следниот ден била нападната и рафинеријата во Перм, сопственост на „Лукоил“. Според извори на Ројтерс, дел од клучните единици за преработка биле оштетени или целосно запрени, а поправките би можеле да траат со недели.

Безбедносната служба на Украина (СБУ) подоцна потврди дека стои зад нападите врз руската нафтена инфраструктура. Од таму соопштија дека акциите имаат цел да се намалат резервите на гориво за руската армија и да се принуди Москва да троши ресурси за санација наместо за воени операции.

Според проценките, погодените рафинерии произведуваат повеќе од 30 проценти од бензинот и околу 25 проценти од дизелот во Русија. Нападите дополнително го зголемуваат притисокот врз рускиот буџет, со оглед на тоа што приходите од нафта и гас сочинуваат значителен дел од државните приходи.

cuộc tấn công của Ukraine vào cơ sở hạ tầng dầu mỏ của Nga (tháng 5):• 20 >5 — Kstovo• 17 > 5 — Moscow• 15>5 — Ryazan• 13 tháng 5 — Taman• 8 > 5 — Yaroslavl• 7 >5 — Perm• 5> 5 — Kirishi• 4 >5 Samara• 3 tháng 5 — Primorsk• 1 5 — Tuapsepic.twitter.com/SLfQcavl4r— KhônG có CônG (@MotLaHai)May 21, 2026

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран