УТРО.мк

Без струја повеќе делови од Тетово и девет тетовски села

Без струја повеќе делови од Тетово и девет тетовски села
Vero

ТЕТОВО — Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, петок 22 мај 2026 година, без напојување со електрична енергија ќе останат повеќе делови од Тетово и девет околни села.

Според распоредот, прекините ќе траат во различни временски интервали, почнувајќи од утринските часови.

Во Тетово струја нема да има на следниве локации:

  • Од 08:55 до 15:00 часот: Објектите кај Т.Н Стара млекара, дел од населбата Циглана и објектите спроти Железничка станица Тетово.
  • Од 09:30 до 14:00 часот: Дел од населбата Купеник, односно објектите на ул. Ај Журчин.

Без струја ќе бидат и селата:

  • Од 08:55 до 15:00 часот: Ѓермо и Порој.
  • Од 09:00 до 14:00 часот: Дел од с. Копанце, на потегот кон с. Раотинце.
  • Од 09:00 до 14:30 часот: Дел од с. Нераште.
  • Од 09:30 до 10:30 часот: Џепчиште, Сетоле, Отуње и Једоарце.
  • Од 09:30 до 14:00 часот: Објектите на патот од с. Беловиште кон с. Вратница.

Од надлежните служби апелираат граѓаните и компаниите навреме да ги прилагодат своите активности со цел да се избегнат дополнителни потешкотии. Напојувањето со електрична енергија ќе биде повторно воспоставено по завршување на предвидените активности.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран