УТРО.мк

Инцидент во велешки локал: приведени тројца, едно лице агресивно кон полицијата

Инцидент во велешки локал: приведени тројца, едно лице агресивно кон полицијата
Vero

Полициски службеници од СВР Велес на 20 мај 2026 година во 23:40 часот ги лишија од слобода 34-годишната С.Ч., С.Т. (53), двајцата од Велес, како и С.Џ.Х. (55) од село во општина Чашка.

Како што информира полицијата, постапувајќи по претходна пријава, во угостителски објект во Велес било пријавено дека лицата на масата на која седеле користеле дрога.

Полицијата ги затекнала пред објектот, при што С.Ч. се однесувала агресивно кон полициските службеници. При извршен преглед во објектот, на масата каде што седеле биле пронајдени остатоци од бела прашкаста материја.

За случајот бил известен јавен обвинител, а од местото се подигнати траги и материјални докази. По целосно документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран