Во рамки на „Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект (ЕИП) при Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Битола аплицираше со проект за под-проекти за Реконструкција на коловоз на улици во с. Горно Српци – Општина Битола.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ „Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Вашите коментари, по однос на Контролната листа, може да ги доставите во рок од 14 дена од објавувањето на документите, на образецот за коментари на следната веб страна: