УТРО.мк

Коњановски со летна акција за почиста Битола: Секојдневно миење на улици и пазари

Коњановски со летна акција за почиста Битола: Секојдневно миење на улици и пазари
Vero

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, иницираше нов сет мерки за зголемена хигиена на сообраќајниците и пазарите во градот, како одговор на зголеменото загадување и потребите во летниот период.

На состанок одржан денес во општината, на кој присуствуваа претставници од јавните претпријатија, ТППЕ Битола и РЕК Битола, беше утврден конкретен план на активности за одржување на јавната чистота. Акцијата стартува вечерва со организирано миење на улиците, што ќе го спроведува ЈП „Комуналец“ со три возила, а ќе се врши секоја вечер.

„Овие активности се од суштинско значење за подобрување на квалитетот на воздухот и животната средина, особено во летниот период кога има зголемен интензитет на сообраќај и активности на пазарите,“ соопштија од Општина Битола.

Дополнително, ТППЕ Битола утре ќе го измие Новиот пазар, а секој вторник и петок по пазарните денови, ќе се врши миење и на двата градски пазари во координација со ЈП „Пазари“.

Во реализацијата на планот, покрај ЈП „Комуналец“, ќе се вклучуваат и ТППЕ Битола и РЕК Битола со свои ресурси, според потребите на терен.

Новите мерки имаат за цел да ја подигнат хигиенската култура и да обезбедат почист и поздрав амбиент за сите граѓани на Битола.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран