УТРО.мк

Десетици килограми угината риба во Тополка – рибочуварите алармираат за еколошки катастрофален помор

Десетици килограми угината риба во Тополка – рибочуварите алармираат за еколошки катастрофален помор
Vero

Ниту една жива риба не е пронајдена во долниот тек на реката Тополка од утринава околу 8:20 часот, кога рибочуварите од велешкото здружение „Бабуна“ забележаа голема површина покриена со бела пенеста материја и десетици килограми угината риба во водата. Глетката е потресна – рибите се со различни големини и видови, вклучувајќи автохтоната кркушка, клен, мрена и попадика, рече претседателот на здружението Даниел Наумоски.

Инцидентот е пријавен кај СВР Велес, каде што излезе увидна екипа во соработка со инспектори од Државниот инспекторат за заштита на животната средина, Агенцијата за храна и ветеринарство, како и овластена лабораторија. Првичните сомнежи укажуваат на можно присуство на хемиска или отровна материја која предизвикала масовен помор на рибите.

Поморот е забележан од потегот на поранешна Порцеланка до вливот на Тополка во реката Вардар, а рибочуварите спроведуваат контроли и по течението на Вардар. Засега не може да се процени точната количина на угинатите риби ниту кога точно се случил инцидентот, но постои сомнеж дека се случил ноќта пред пријавата.

Земени се примероци од риба и вода за лабораториски анализи кои ќе треба да откријат причинителот на еколошката катастрофа во Тополка.

Извор: Дума.мк

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран