Општина Битола продолжува со унапредување на локалната инфраструктура преку реконструкција на главната сообраќајна врска меѓу селото Крклино и манастирот „Свети Илија“. Новиот асфалтен слој покрива површина од 1.440 квадратни метри, на делница долга 480 метри.
Заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, и секретарот на општината, Борче Димитровски, извршија теренски увид во текот на градежните активности, со цел да се осигури квалитетна реализација на проектот.
„Со овој зафат не само што се подобрува пристапот до манастирот, туку се зголемува и безбедноста и квалитетот на живот на жителите“, истакнаа од општината.
Претходно во Крклино беше реконструиран и дел од водоводната мрежа, со поставување нови приклучоци, што претставува продолжение на пошироките напори за модернизација на селото.
Вкупната инвестиција за асфалтирањето изнесува 3.210.426 денари и е целосно финансирана од буџетот на општина Битола.