УТРО.мк

Нетанјаху: И без Трамп можеме да ги уништиме сите цели во Иран

Нетанјаху: И без Трамп можеме да ги уништиме сите цели во Иран
Vero

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел поседува капацитет да ги отстрани сите ирански нуклеарни цели, независно од тоа дали американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи да се приклучи на евентуален напад или не.

„Имаме сила да ги отстраниме сите наши цели, сите нивни нуклеарни постројки. Одлуката на претседателот дали ќе се приклучи е негова. Тој ќе направи што е најдобро за САД, а јас ќе направам што е најдобро за Израел“, изјави Нетанјаху во интервју за израелската државна телевизија Кан.

Тој нагласи дека промената на иранскиот режим не е официјална цел на израелската политика, но потенцираше дека тоа може да биде последица на нивните дејства. „Промената на режимот е прашање што најмногу се однесува на иранскиот народ. Тоа не може никој друг да го направи. Затоа тоа не сум го поставил како цел, иако може да биде резултат“, рече Нетанјаху.

Изјавата на израелскиот премиер доаѓа во момент кога Белата куќа најави дека во следните две недели ќе одлучи дали САД ќе се приклучат на евентуални воени операции против Иран.

Воени аналитичари предупредуваат дека Израел би можел да има потреба од американски бомби за пробивање бункери доколку сака да го уништи постројката Фордоу — подземен објект за збогатување ураниум лоциран под планина во близина на иранскиот град Ком.

На прашањето дали Израел може самостојно да го уништи Фордоу, Нетанјаху одговори потврдно, инсистирајќи дека армијата е подготвена за сите можни сценарија.

Во средата, претседателот Трамп исто така изјави дека САД имаат капацитет да го уништат Фордоу, но додаде: „Тоа не значи дека ќе го направам тоа, воопшто.“

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран