УТРО.мк

Турист пофали цена на бурек во Пореч, Хрватите не се согласуваат: „3.60 евра е евтино?“

Турист пофали цена на бурек во Пореч, Хрватите не се согласуваат: „3.60 евра е евтино?“
Vero

Со доаѓањето на летото, социјалните мрежи традиционално се преплавени со фотографии од скапи сметки од хрватските приморски ресторани и кафулиња. Но, еден корисник на Reddit реши да направи исклучок — и наместо критика, сподели сметка со која бил пријатно изненаден.

„Еве малку нешто позитивно“, напиша тој во насловот на објавата. Порача дека живее во Австрија и дека неодамна бил разочаран кога во Пореч платил полнета плескавица и големи ќебапи 40 евра — за порции кои, како што вели, „би ги нарекол детски“.

Но, следниот ден му се случило нешто неочекувано: „Нарачав две сирници, еден бурек и една пита од јаболка. Ми рече момчето дека треба да платам 13.70 евра. Мислев дека не сум добро слушнал, па повторно го прашав. Кога ми го повтори износот, бев навистина изненаден. Сакав ова да го споделам, посебно поради луѓето кои постојано се жалат дека сè е скапо. Еве, ова е добар пример дека не се претерани сите цени на нашето приморје.“

На приложената сметка се гледа дека двете сирници чинеле 6.60 евра, бурекот со месо 3.60 евра, а питата од јаболка 3.50 евра.

Иако тој беше задоволен од цената, многу хрватски корисници не го поддржаа неговото мислење. „Бурек за 3.60 евра е евтин?“ праша еден, на што авторот одговори: „Да, таму ги прават жени како нашите мајки дома, не штедат на месо како во обични пекари, па ова што го добиваш за 3.6 евра навистина е евтино.“

Други пак сугерираа дека сè уште е тешко да се прифати ваквата цена во денешни услови: „Бурек 25 куни… Требаше да се задржи двојното прикажување на цени барем уште пет години“, напиша еден од незадоволните корисници.

Иако намерите на туристот биле позитивни, неговата пофалба отвори нова дебата — што денес значи „евтино“ на јадранското крајбрежје?

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран