Н.Д., лице познато на јавноста по ладнокрвното убиство во 2009 година, повторно е уапсен – овојпат под сомнение за грабеж и лажно претставување. Тој заедно со Д.К. (38) е приведен на 15 јуни, откако во раните утрински часови ја пресретнале девојката, се претставиле како полицајци и извршиле насилен „претрес“, при што ѝ одзеле пари и лични предмети.
Девојката изјавила дека напаѓачите ја турнале во влез на зграда, ја собориле на земја, инсистирале дека носи дрога, и ѝ го одзеле целиот имот – мобилен, документи, пари и слушалки. Според неа, напаѓачите покажале нешто што личело на значка, но таа не можела да го идентификува предметот поради шокот и насилството.
Истрагата утврди дека Н.Д. е истата личност која во 2009 година беше осудена за убиство на 23-годишниот Марко Степиќ, кого го застрелал во киоск во белградската населба Карабурма, по расправија околу искината банкнота од 500 динари. По убиството, Н.Д. се криел во колиби покрај Дунав и се обидел да избега од земјата со лажен пасош, но бил фатен на граничниот премин со Унгарија. За убиството и другите кривични дела тогаш доби девет години затвор.
Десетина години подоцна, истиот човек повторно се најде во полициски записници. По најновиот инцидент, и тој и неговиот соучесник делумно го признале делото пред обвинителството. Истрагата е во тек.