УТРО.мк

Иран со нови закани – Светот може да има големи економски поледици

Иран со нови закани – Светот може да има големи економски поледици
Vero

Иран разгледува можност за блокирање на Хормускиот Теснец, стратешки важен поморски премин низ кој поминува околу 20% од дневната светска потрошувачка на нафта, откако Израел изврши воздушни напади врз неколку ирански нуклеарни локации. Тензиите меѓу двете држави кулминираа по наводното ракетирање на болницата „Сорока“ во Беершеба, при што Израел вети „жесток одговор“.

Израелските воени извори тврдат дека погодени се постројки во Натанз и Исфахан, додека ирански дипломат демантираше дека биле погодени деликатните објекти во Бушехр – единствената активна нуклеарна електрана во земјата. Според него, Израел води „психолошка војна“ користејќи дезинформации за создавање страв од можни нуклеарни последици во регионот.

Во меѓувреме, членот на иранскиот парламент Бехнам Саиди изјави дека „сите опции се на маса“, вклучително и затворање на Хормускиот Теснец, кој ги поврзува Персискиот Залив и Арапското Море. Тој потсети дека ова не е првпат Техеран да се закани со блокада, но дека сега постои „реална можност“ за нејзино остварување.

Хормускиот Теснец е тесен само 33 километри и низ него дневно минуваат околу 20 милиони барели нафта, главно од земјите-членки на ОПЕК, како Саудиска Арабија, Кувајт, Ирак и ОАЕ. Дополнително, Катар, како водечки извозник на течен природен гас (LNG), го користи истиот пат за испорака на гас на светските пазари.

Извори од бродската индустрија за „Ројтерс“ потврдија дека неколку комерцијални бродови веќе почнале да избегнуваат пловење во близина на иранските територијални води. САД и нивните сојузници внимателно ја следат ситуацијата, имајќи предвид дека секоја блокада би можела да предизвика сериозни потреси на глобалните енергетски пазари и да го ескалира конфликтот на ново ниво.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран