Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за директен напад врз иранското нуклеарно постројка Фордo, јавува CBS News, повикувајќи се на неименувани извори блиски до Белата куќа.
Според изворите, Трамп е целосно запознаен со ризиците и потенцијалните последици од воздушен напад, но верува дека „нема многу избори“ кога станува збор за спречување на иранската нуклеарна програма.
„Неговиот став е дека завршување на работата значи уништување на Фордo“, изјавил за CBS еден од изворите вклучени во разговорите.
Медиумите претходно објавија дека Трамп веќе неколку дена ги разгледува опциите за можен американски одговор во контекст на ескалацијата на блискоисточниот конфликт. Во средата, тој изјави дека сè уште нема донесено конечна одлука.
Според последните информации од четвртокот наутро, американскиот претседател продолжува со консултации со воени и безбедносни советници, а конкретна акција сè уште не е одобрена.
Постројката Фордo се наоѓа длабоко под земја и се смета за еден од најдобро заштитените делови на иранската нуклеарна инфраструктура, што ја прави евентуалната операција високо ризична и технички комплексна.