Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, утре 3 декември 2025 година, дел од Тетово како и девет околни села ќе останат без електрична енергија во различни временски интервали, соопштија од ЕВН.
Без струја ќе бидат следните населени места:
- Озормиште– од 08:45 до 14:30 часот
- Требош– од 08:45 до 14:30 часот
- Палатица– од 08:45 до 14:30 часот
- Гургурница– од 08:50 до 14:50 часот
- Мерово– од 08:50 до 14:50 часот
- Луковица– од 08:50 до 14:50 часот
- Седларево– од 08:50 до 14:50 часот
- Лешок– од 09:00 до 14:00 часот
- Синичане– од 09:00 до 14:00 часот
- Дел од Тетово (околина Колтук)– од 09:00 до 14:00 часот
Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите обврски и да покажат разбирање додека траат техничките активности.



























