Во германскиот град Unterschleißheim беше промовирана првата интеркултурна готвачка книга „Unterschleißheim isst bunt – In 25 Töpfen um die Welt“, која обединува рецепти од 25 различни држави. Од македонска страна, рецептот за традиционалната пастрмајлија беше испратен од Ангелина и стана дел од ова мултикултурно издание.
Проектот има цел да ја слави различноста и да ги поврзе луѓето преку традициите, приказните и заедничкото уживање во храната. Македонската кујна со ова издание доби видливо место, во соработка со Beirat für interkulturelles Zusammenleben und Migration, што ја истакнува важноста на културната размена и интеркултурното живеење.
Видео продукцијата @bukefalproduction професионално го сними и уреди видеото со кое македонскиот рецепт беше презентиран, прикажувајќи го богатството на македонската традиција и вкус.
Со ова, македонската култура, традиција и готварски талент станаа дел од голема интернационална платформа, промовирајќи ја Македонија и нејзините вкусови во Германија.



























