УТРО.мк

Градоначалникот Тоневски присуствуваше на настан по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Градоначалникот Тоневски присуствуваше на настан по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост
Vero

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денес присуствуваше на настан организиран од Здружението на слепи од Штип и Пробиштип, во соработка со Здружението на пензионери од Пробиштип, по повод 3-ти декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Настанот беше збогатен со присуството на гости од Петрич, Бугарија, чија посветеност кон дружбата, меѓусебната поддршка и културниот развој претставува инспирација за локалната заедница. Тоневски истакна дека нивната искрена желба за поврзување и зајакнување на заедништвото е пример за идните генерации.

„Со заеднички сили можеме да создадеме инклузивна, хумана и поддржувачка средина за сите наши сограѓани“, порача Тоневски.

Настанот ја потврди важноста на меѓународната соработка и заедничката поддршка на лицата со попреченост, како клучен аспект на развојот на локалната заедница.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран