Слаб земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтер е регистриран утрово во 3:59 часот во регионот на Охрид.
Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е забележан преку телеметриската мрежа на сеизмолошки станици ширум државата. Епицентарот се наоѓал во подрачјето Пештани–Охрид–Струга, на околу 115 километри југозападно од Скопје.
Според првичните податоци, потресот е почувствуван во Охрид и околните места со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала (EMS).
Нема информации за причинета материјална штета.