Конзервираната туна и сардините се чест избор на многумина, благодарение на богатството од витамин D, железо и витамин B12. Сепак, нутриционистите предупредуваат дека не е сеедно каква конзервирана риба купуваме.
Диететичарката Џенифер Фиски од Далас открива на што мора особено да се внимава при изборот – и тоа не е само дали рибата е во масло или во вода. Таа советува да се избегнуваат конзерви на кои се појавуваат ознаките „BPA“.
Според неа, секогаш треба да се избира туна или сардини со јасна ознака дека не содржат BPA (бисфенол А) – синтетичка хемикалија која може да навлезе во храната преку амбалажата.
„Бисфенол А има својство да се врзува со мастите, што значи дека преку конзервираната риба лесно може да влезе во организмот. Затоа препорачувам избор на производи без оваа супстанца. Доколку имате можност, уште подобро е да купувате риба во стаклена тегла наместо во конзерва“, изјави Фиски.
Бисфенол А е хемикалија која последниве две децении се наоѓа во фокусот на научната јавност поради потенцијалното нарушување на хормоналната рамнотежа кај луѓето. Токму поради тие ризици, во некои производи – како бебешките шишиња – таа веќе е забранета.
Заклучокот: читајте ги декларациите внимателно – и ако ги видите ознаките BPA, вратете ја конзервата на рафтот.