УТРО.мк

Ризик за здравјето за оваа група на луѓе: Еве зошто никако не смеете да јадете лубеница на празен стомак

Ризик за здравјето за оваа група на луѓе: Еве зошто никако не смеете да јадете лубеница на празен стомак
Vero

Лубеницата е сочен и освежувачки летен плод, богат со вода, витамини и минерали, поради што многумина ја сметаат за одличен избор за појадок. Сепак, нутриционистите предупредуваат: не е секогаш препорачлива на празен стомак – особено кај лица со нарушена хормонална рамнотежа, како што се инсулинската резистенција или отпорноста на лептин.

Со над 90 проценти водена содржина, лубеницата го хидрира организмот, помага во обновата на електролитите и може да придонесе за зголемена енергија во текот на утринските часови. Исто така е богата со растителни влакна, поради што често се вклучува во плановите за здрава исхрана.

Но, и покрај нејзините здравствени придобивки, лубеницата не е идеален прв оброк за сите.

Според нутриционистите, начинот на кој телото реагира на внесот на овошје на празен стомак зависи од индивидуалната метаболичка состојба. Кај лицата со инсулинска резистенција или со намалена чувствителност на хормонот лептин – кој игра клучна улога во регулирањето на апетитот и метаболизмот – внесот на фруктоза од овошјето може да го поттикне складирањето масти и дополнително да ги влоши постоечките проблеми со метаболизмот и шеќерот во крвта.

Во вакви случаи, нутриционистите препорачуваат лубеницата да се консумира во помали количини и како ужина, наместо веднаш по будење.

Заклучокот е јасен – иако лубеницата е хранлива и здрава, не е секогаш соодветен избор за појадок, особено кај лица со специфични здравствени состојби. Прилагодувањето на исхраната според индивидуалните потреби и метаболна состојба е клучно за одржување на долгорочното здравје.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран