Министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, кого го нарече долгогодишен и докажан пријател на Македонија.
Николовски истакна дека силното партнерство со Унгарија носи значајни придобивки за државата. Во рамки на договорот што се потпишува меѓу двете земји, најавени се нови инфраструктурни проекти кои, според него, ќе ја придвижат македонската економија и ќе поттикнат развој на клучните сектори.