УТРО.мк

Муцунски и Сијарто потпишаа Договор за стратешка соработка меѓу Македонија и Унгарија

Муцунски и Сијарто потпишаа Договор за стратешка соработка меѓу Македонија и Унгарија
Vero

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во еднодневна посета на Република Северна Македонија престојуваше министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто. Посетата беше заокружена со потпишување на Договор за стратешка соработка меѓу владите на двете земји.

Двајцата министри на средбата разговараа за одличните билатерални односи, оценувајќи го тридецениското пријателство и економско партнерство како силна основа за натамошна соработка. Муцунски и Сијарто истакнаа дека политичкиот дијалог меѓу Скопје и Будимпешта е интензивен, а трговската размена бележи постојан раст.

Во фокусот на разговорите беше и европската интеграција на Северна Македонија. Министрите ја потврдија посветеноста на Унгарија за поддршка на евроинтеграцискиот процес на земјата, а беше поздравен и неодамна потпишаниот Акциски план за споделување на знаење во однос на ЕУ-пристапувањето меѓу двете земји.

Беше истакнато и заедничкото сојузништво во рамките на НАТО, со акцент на соработката за справување со безбедносните предизвици и зачувување на европската стабилност.

Во рамки на посетата беа потпишани уште два документи: Договор за соработка меѓу владите на Северна Македонија и Унгарија, како и Меморандум за разбирање меѓу Министерството за образование и наука на Северна Македонија и Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија. Овој Меморандум се однесува на програмата Stipendium Hungaricum за периодот 2026–2028 година.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран