УТРО.мк

Првите фотографии по нападот: Иран ги ракетираше Тел Авив и Ерусалим – разурнати згради, изгорени автомобили и шок меѓу граѓаните

Првите фотографии по нападот: Иран ги ракетираше Тел Авив и Ерусалим – разурнати згради, изгорени автомобили и шок меѓу граѓаните
Vero

Тел Авив и Ерусалим беа мета на ирански ракетни напади во текот на ноќта, како одговор на израелските воени дејства. На објавените фотографии може да се видат разрушени згради, запалени автомобили и граѓани во шок на улиците.

Според официјалните информации објавени рано утрово, најмалку три лица загинале, а над 40 се повредени во нападите.

Во центарот на Тел Авив, иранска ракета погодила висококатница во густо населен дел од градот, додека во предградието Рамат Ган целосно е уништен станбен блок.

Во исто време, иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека дијалогот со САД околу нуклеарната програма на Техеран станал „бесмислен“, обвинувајќи ја американската администрација дека ја поддржува израелската агресија.

„Не можеш да тврдиш дека преговараш, а во исто време да му дозволуваш на ционистичкиот режим да ја бомбардира иранската територија“, изјави портпаролот на Министерството, Есмаил Багаеи, пренесе полуофицијалната агенција Тасним. Тој додаде дека израелските напади не би се случиле без одобрение од Вашингтон.

Во текот на ноќта, израелската војска соопшти дека извела широки воздушни напади врз противвоздушната одбрана во околината на Техеран, како и врз десетици ирански ракетни лансери.

„Израелското воено воздухопловство продолжува да напаѓа десетици лансери на ракети земја-земја во Иран“, соопшти војската, цитирана од агенцијата AFP.

Иранските државни медиуми во саботата јавија дека во израелските напади се убиени двајца заменик-началници на Генералштабот на иранската армија. Не е прецизирано кога точно загинале, но нивната смрт беше објавена истиот ден.

Според Reuters, израелските напади кои започнаа во петокот веќе однеле најмалку 78 животи, меѓу кои и повеќе високи воени функционери, што претставува најинтензивна израелска офанзива против Иран досега.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран