Припадниците на Мобилната единица за компензаторни мерки при ОГРМ во две одвоени и брзи интервенции вчера, на автопатот Табановце-Куманово пресекоа канали на недозволена трговија и лишија од слобода две лица.
Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
End Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
Најпрво, полициските службеници сопреа патничко возило “Голф” со кумановски регистарски таблички, управувано од 38-годишниот Б.И. од Куманово. Следуваше детален преглед во кој беа пронајдени неверојатни 272 парчиња разновидна, високо-вредна брендирана стока.
Стоката беше без никаква пропратна документација, што веднаш укажува на сомнеж за нелегален увоз или фалсификат. Стоката е веднаш одземена, а Б.И. експресно е приведен.
Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
End Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
Само неколку часа подоцна, на истата делница, во мрежата на полицијата падна и 41-годишниот Б.С. од Скопје, кој управувал патничко возило “Мерцедес” со скопски таблички.
Полициските службеници повторно демонстрираа професионалност, откривајќи уште една нелегална пратка: пронајдени се дури 174 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат! Како и во првиот случај, и оваа пратка беше без никаква документација.
Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph
End Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph
Во вториот случај, освен алатот, одземено е и возилото, а Б.С. е лишен од слобода.



























