УТРО.мк

Коцевски: Приведени 13 полицајци поради сомнение за тешки дела поврзани со трагедијата во „Пулс“

Коцевски: Приведени 13 полицајци поради сомнение за тешки дела поврзани со трагедијата во „Пулс“
Vero

Во синоќешната координирана акција на Обвинителството за организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи, приведени се 13 лица со полициско овластување. Според државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, постои основано сомнение дека приведените сториле тешки дела против општата сигурност, поврзани со трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде во март загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени.

Осомничените, сите активни полициски службеници, според обвинителството, одобриле акциски план за контрола на угостителски објекти без да ги следат стандардните процедури за процена и управување со ризик. Тие, како соизвршители, не презеле никакви мерки за спречување на палење пиротехничка опрема за време на настап на музичката група ДНК, што директно довело до пожарот.

„Со небрежноста и непостапувањето според прописите, полициските службеници не само што не го спречиле активирањето на пиротехниката, туку и не презеле никакви мерки за заштита на присутните лица во објектот, што резултираше со масовна трагедија,“ изјави Коцевски.

Обвинителството предлага на осомничените да им се одредат мерки на претпазливост, вклучително и забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за редовно јавување во надлежен орган, одземање на патни исправи и забрана за полициски активности.

Коцевски нагласи дека заради тековната истрага, јавноста ќе биде информирана дополнително, кога тоа ќе го дозволат условите на постапката.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран