УТРО.мк

Пороен дожд, грмежи и невреме и во текот на ноќта во Македонија!

Пороен дожд, грмежи и невреме и во текот на ноќта во Македонија!
Vero

Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која е поврзана со фронталната долина со поладен воздух на висина која од северозапад преку алпскиот регион се спушта кон нашиот дел од Европа, во текот на оваа ноќ и утре (четврток 4 септември) во нашата Република Македонија времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со локална појава на град. Токму поради очекуваното невреме апелирам граѓаните да обратат поголема внимателност. И во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме во делови од котлината.

Што се однесува до температурите, тие утре (четврток 4 септември) наутро ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 19 степени, додека максималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 31 степен. Во Скопје и околината утре (четврток 4 септември) наутро температурата ќе се спушти до околу 17 степени, а максималната дневна температура ќе се искачи до околу 27 степени.

МетеоАларм 

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран