УТРО.мк

Тешко повреден мотоциклист во судир со паркирано возило

Тешко повреден мотоциклист во судир со паркирано возило
Vero

Тешки телесни повреди здобил 21-годишниот К.С. од с.Оризари, кочанско, откако вчера попладне управувајќи мотоцикл „хонда“ удрил во паркирано патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на О.Г.(55) од Кочани.

Несреќата се случила на ул. „Роза Петрова“ во Кочани, а мотоциклистот бил пренесен и констатиран со тешки повреди во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Кочани за утврдување на причините за несреќата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран