СВР Штип поднесе кривична пријава против П.Ј.(69) од с.Древено, пробиштипско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Како што се наведува во полицискиот билтен, полициски службеници при извршен претрес во домот на пријавениот, пронашле и одзееле куршуми, автоматска пушка „АК-47‘‘, митралези и други негови верзии.
