Попладне нестабилно време, викендот носи стабилизација и свежина
Времето и утре ќе биде сончево и топло, но во попладневните часови повторно се очекува нестабилност, со локален пороен дожд, грмежи и можност за краткотрајно невреме. На одредени места ќе има засилен ветер и појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Сепак, метеоролозите најавуваат стабилизација на времето за време на викендот. Очекувањата се за претежно стабилно и малку посвежо време, со умерен до повремено засилен северен ветер.
Од понеделник повторно следува период на претежно сончево и стабилно време, со постепен пораст на дневните температури.
Максималната температура за време на викендот ќе достигне до 34 степени Целзиусови, додека во текот на наредната седмица се очекува температурите да се искачат и до 38 степени.