„Арбен Таравари е во скутот на Али Ахмети, како политички трговец се обиде да нè продаде сите за неколку општини.“ – изјави вицепремиерот Арбен Фетаи во емисијата „Дебата Плус“ на косовската телевизија ТВ Дукаѓини. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Актуале“.
Порталот пишува: „Ние сме потомци на Арбен Џафери, кој беше спротивност на ДУИ, и сета наша активност цела деценија беше во оваа насока. Ние продолживме како субјект и ние сме повикани на овој пат, како алтернатива на лошото владеење. Таравари ја напушти оваа штафета. Тој е сега во скутот на Али Ахмети, како политички трговец, што се обиде да продаде цела структура луѓе, кои водеа битка против ДУИ.“ – рече Фетаи.
„Таравари не водеше битка за промени, ниту битка против ДУИ. Бев секој ден во контакт со Таравари и тој ми велеше: ‘Биди трпелив, ќе се ослободиме од Зијадин Села, тој ќе замине во ДУИ, а ние ќе ја спроведеме промената. Но, сега разбирам дека Таравари не се борел за принципи, или за нешто друго, туку водеше битка против Села. Се обиде да го преземе приматот во водењето на Алијансата за Албанците.“
Арбен Фетаи заврши со изјавата дека „Арбен Таравари побарал од премиерот Мицкоски на средба лице в лице да ја исфрли коалицијата Вреди од Владата и да ја внесе ДУИ во неа“. – објави „Актуале“
Извор: Expres.mk