Безживотно тело попладнево околу 14 часот е пронајдено во водите на Охридското Езеро, во близина на плажата на Градскиот кеј во Охрид.
Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој изјави дека врз телото немало видливи траги на насилство. Местото е веднаш обезбедено од полицијата, а во тек е истрага која треба да ги утврди причините и околностите под кои дошло до трагичниот настан.
На лице место пристигнала и екипа од Службата за итна медицинска помош, која само ја констатирала смртта.
Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на увидот и резултатите од обдукцијата.