УТРО.мк

Од 1 јули до 31 август – целосна забрана за движење во шума

Од 1 јули до 31 август – целосна забрана за движење во шума
Vero

Од 1 јули до 31 август 2025 година, на сила стапува целосна забрана за движење во шуми и шумски земјишта на териториите со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“. Забраната важи во текот на целиот ден (од 00:00 до 24:00 часот) и се воведува поради зголемен ризик од пожари на отворен простор.

Како што информираат од ЈП „Национални шуми“ – Скопје, оваа одлука е донесена со согласност од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, врз основа на член 57, став 3 од Законот за шумите.

Кој е исклучен од забраната?

Од забраната се изземени:

вработените во ЈП „Национални шуми“ и нивните подружници,

службеници од МВР, Министерството за одбрана, Шумска полиција, Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување,

Државниот инспекторат за шумарство и ловство,

субјектите кои вршат шумскостопански активности (сеча, дотур и транспорт на дрва),

ловочуварски служби и овластени лица од корисниците на дивеч во ловиштата,

и сите лица со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми“.

Парични казни за прекршување

Секое нелегално присуство во шума ќе се санкционира со глоба од 1.500 до 2.000 евра, согласно член 106 од Законот за шумите.

Контролата и спроведувањето на забраната ќе ја вршат вработените на ЈП „Национални шуми“, Шумската полиција, МВР и Државниот инспекторат за шумарство и ловство.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран