УТРО.мк

Очекувани долги колони на Евзони и Дојран поради празничните патувања

Очекувани долги колони на Евзони и Дојран поради празничните патувања
Vero

Со приближувањето на продолжениот викенд, се очекува значително зголемување на сообраќајниот метеж на граничните премини, особено на јужната рута кон Грција.

Празникот посветен на Светите Кирил и Методиј, кој календарски се одбележува на 24 мај, оваа година носи дополнителен слободен ден: понеделник, 25 мај, со што многу граѓани ќе добијат можност за тридневно или подолгo бегство од секојдневието. Токму таа ситуација, како и обично, ги насочува патниците кон туристичките дестинации во соседна Грција.

Од патничката заедница „Пат до Грција“ предупредуваат дека деновите пред празникот и самиот викенд ќе донесат засилен интензитет на движење на границите. Според нивните информации и досегашното искуство, најголем притисок се очекува на граничните премини Евзони и Дојран, каде што вообичаено се создаваат најдолги колони.

Причината е тоа што илјадници патници ја користат оваа можност за краток одмор покрај грчкото крајбрежје, што секогаш резултира со зголемена фреквенција и подолги чекања на премините.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран