УТРО.мк

Николоски: Нови визни олеснувања за македонските возачи преку Романија и Австрија

Николоски: Нови визни олеснувања за македонските возачи преку Романија и Австрија
Vero

Македонските транспортни компании ќе можат да поднесуваат барања за хрватска долгорочна виза за своите професионални возачи преку Амбасадата на Хрватска во Скопје, другите хрватски дипломатско-конзуларни претставништва или директно во Загреб. Ова го соопшти министерот за транспорт и врски Александар Николоски, по усвојувањето на новиот Закон за странци во хрватскиот Сабор, со кој се отвора можност за олеснет визен режим за странски професионални возачи.

Според него, новото законско решение претставува значаен исчекор за превозниците, особено во контекст на предизвиците поврзани со функционирањето на системот за влез и излез од Шенген зоната, кој во изминатиот период создаваше дополнителни тешкотии за транспортниот сектор.

Николоски посочи дека Владата паралелно работи и на слични договори со други земји, при што со Романија процесот е во завршна фаза, додека преговори се водат и со Австрија. Како позитивен пример ја истакна Швајцарија, каде ваквиот модел веќе е во примена.

Тој нагласи дека решавањето на проблемот се одвива без голема јавна експонираност, бидејќи станува збор за сложено и суштинско прашање. Според него, ефектите од неодамнешните протести на превозниците придонеле Европската комисија појасно да ја согледа сериозноста на состојбата и побрзо да ја презентира визната стратегија.

Министерот објасни дека првично било клучно професионалните возачи да бидат признаени како посебна категорија, а потоа да се утврди моделот за нивно движење, при што македонската страна се залагала за воведување долгорочни визи.

Тој додаде дека за време на протестите лично отпатувал во Загреб, каде со хрватски владини претставници, меѓу кои и вицепремиерот и министер за транспорт Олег Бутковиќ, биле усогласени основните рамки на договорот. Хрватскиот Сабор, како што рече, веќе ја потврдил таа рамка, а сега следува нејзина практична имплементација.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран