УТРО.мк

Македонска делегација во Кина: Нови практики за селекција и управување со комунален отпад

Македонска делегација во Кина: Нови практики за селекција и управување со комунален отпад
Vero

Висока делегација од Македонија, предводена од Ацо Ристов, престојува во работна посета на Народна Република Кина, со цел размена на искуства и запознавање со најсовремените пристапи во управувањето со комуналниот отпад.

Во составот на делегацијата учествуваат и Ане Лашкоска, директори од повеќе јавни комунални претпријатија, претставници на Инспекторатот за животна средина, како и членови од АДКОМ. Посетата се реализира во организација на Институтот за биогас при кинеското Министерство за земјоделство и рурални работи, во координација со Амбасадата на Кина.

Главниот акцент на средбите и теренските активности е ставен на практичните модели на селективно собирање и транспорт на отпад, како и на технолошките решенија за негова преработка и претворање во енергија. Делегацијата има можност одблиску да се запознае со начинот на кој Кина ги интегрира современите технологии во целиот систем на управување со отпад.

Посетата доаѓа во период кога Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад доби проширени надлежности со законски измени, со кои сега е одговорна и за регулација на услугите за управување со комунален отпад.

Во претстојниот период се очекува да бидат изработени клучни регулаторни документи, меѓу кои Методологија за пресметка на цените за собирање, транспорт и третман на отпад, како и Тарифник за депонирање.

Од институциите се очекува дека воспоставувањето појасна регулаторна рамка ќе придонесе за повисок квалитет на услугите за граѓаните, поефикасно управување со трошоците и зголемен надзор врз инвестициите во системите за отпад. Крајната цел, како што се нагласува, е модернизација на секторот и поодржливо управување со животната средина.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран