УТРО.мк

ФФМ подготвува жестоки казни за Шкендија по скандалите во финалето

ФФМ подготвува жестоки казни за Шкендија по скандалите во финалето
Vero

Фудбалската федерација на Македонија подготвува драконски казни за Шкендија по инцидентите и скандалозното однесување за време на финалниот натпревар.

Според информациите, предмет на дисциплинска постапка ќе бидат повеќе прекршоци, меѓу кои исвиркување на македонската химна, палење пиротехника и факели, националистички извици од трибините, вербални напади кон раководството на ФФМ и судиската екипа, како и непојавувањето на фудбалерите на пиедесталот за доделување на медалите.

Од Фудбалската федерација најавуваат дека во наредните денови ќе бидат соопштени конкретните мерки и санкции.

„Деновиве ќе се огласи и Фудбалската федерација на Македонија околу тоа кои мерки ќе бидат преземени“, изјави портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски.

Се очекува дисциплинските органи на Федерацијата да донесат одлуки по комплетирањето на извештаите од службените лица и делегатите од натпреварот.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран