УТРО.мк

Николоски: По реконструкцијата на ГОБ „8 Септември“ граѓаните ќе добијат најмодерна болница

Николоски: По реконструкцијата на ГОБ „8 Септември“ граѓаните ќе добијат најмодерна болница
Vero

Вицепремиерот Николоски најави значителен напредок во реконструкцијата на ГОБ „8 Септември“, проект кој се реализира преку концесијата на ТАВ за скопскиот и охридскиот аеродром. Од вкупно 12 милиони евра, средствата ќе бидат насочени за целосна реконструкција на хируршкиот блок, блокот за Патологија, блокот за биохемија и целосно опремување според најмодерни стандарди.

Николоски истакна дека граѓаните ќе добијат најмодерна болница, додека лекарите ќе работат во современи и функционални услови. „Она што е од големо значење е што докторите ќе добијат модерни услови за работа, а пациентите ќе добијат можеби најмодерна болница во целата држава“, изјави вицепремиерот.

Тој додаде дека соработката со ТАВ ќе продолжи и во иднина, со надеж за нови општокорисни проекти кои ќе придонесат за подобрување на јавната инфраструктура.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран