Во јули 2025 година, Северна Македонија ја посетиле 209.932 туристи, со вкупно 770.733 ноќевања, објави Државниот завод за статистика. Од вкупниот број туристи, 42,1% се домашни, а 57,9% странски, при што најмногу странски посетители имало од Турција (55.129), следуваат Србија (9.898), Полска (4.304) и Холандија (3.989).
Од вкупното број на ноќевања во јули, 69,2% се од домашни, а 30,8% од странски туристи.
Во периодот јануари–јули 2025, бројот на туристи се зголемил за 10,2% во споредба со истиот период лани. Кај домашните туристи е забележано мало намалување од 0,1%, додека кај странските има раст од 15,1%. Вкупниот број на ноќевања во истиот период се зголемил за 5,5%, со мало намалување од 0,5% кај домашните и зголемување од 11,5% кај странските туристи.