УТРО.мк

Мицкоски најавува модернизација на ГОБ „8 Септември“: 7 нови операциски сали и целосно опремување по највисоки стандарди

Мицкоски најавува модернизација на ГОБ „8 Септември“: 7 нови операциски сали и целосно опремување по највисоки стандарди
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети ГОБ „8 Септември“, каде што во тек е реконструкцијата и адаптацијата на болницата. Во рамките на проектот се обновуваат седум операциски сали, блокот за патологија, биохемија, како и целосно опремување на здравствените единици по најмодерни стандарди.

– Очекувам дека до крајот на годината ќе биде изведена првата хируршка интервенција во реконструираните сали, и тоа успешно. Болницата од стотици милиони евра долгови сега работи позитивно, во интерес на пациентите и задоволство на здравствените работници – изјави Мицкоски.

Тој додаде дека инвестицијата од 12 милиони евра е најголем проект во јавното здравство во последните години и дека ќе следуваат и други реновирани и реконструирани здравствени објекти. Мицкоски ги повика граѓаните да ја следат динамиката на инвестициите и подобрувањата во македонското здравство.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран