Со почетокот на новата сезона, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на отворањето на новата одбојкарска платформа која ќе обезбеди подобри услови за тренинг и натпревари.

„Ова е инвестиција во иднината на битолската одбојка, место каде младите таленти ќе се развиваат, а првиот тим на Пелистер Волеј ќе ги гради своите победи,“ истакна Коњановски.

Тој додаде дека Битола отсекогаш била спортски град и со оваа инфраструктура станува уште посилна и во одбојката.
