УТРО.мк

Утре прекини на струја во Тетово и тетовско – погледнете кои места ќе останат без електрична енергија

Утре прекини на струја во Тетово и тетовско – погледнете кои места ќе останат без електрична енергија
Vero

Тетово – Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре (12 септември) делови од Тетово и околните населени места ќе останат без електрична енергија.

Според најавата, во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат објектите на излез од населбата Цетинска кон стадионот, како и делови од градот во близина на кулата на Поплавени.

Во истото време прекин ќе има и во селото Калник, како и делови од Долно Палчиште, особено објектите кои се наоѓаат во близина на новата џамија.

Дополнително, во Боговиње прекинот ќе трае од 09:19 до 15:19 часот, информираат од надлежните служби.

Жителите се замолуваат да имаат предвид и навреме да ги планираат своите активности.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран