УТРО.мк

Италија најавува нови санкции против Русија

Италија најавува нови санкции против Русија
Vero

Рим – Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска во Горниот дом на Парламентот изјави дека можно е воведување нови санкции против Русија со цел да се изврши притисок врз претседателот Владимир Путин да започне мировни преговори и да се стави крај на војната во Украина.

„Клучно е да се засили притисокот врз Путин за да го натераме да седне на преговарачка маса. Мора да ги искористиме сите инструменти со кои располагаме за да го отежнеме финансирањето на неговата воена машинерија. Тоа вклучува и нови санкции,“ нагласи Тајани.

Тој додаде дека Италија ќе продолжи да ја поддржува Украина во соработка со европските партнери и НАТО.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран