УТРО.мк

Проф. д-р Филип Поповски ќе ја предводи советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Проф. д-р Филип Поповски ќе ја предводи советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Битола
Vero

Битола – Универзитетскиот професор д-р Филип Поповски ќе биде носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори во општина Битола. Поповски е вонреден и редовен професор на Техничкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и претседател на Сенатот на универзитетот.

Со диплома и магистратура по графички инженеринг и докторска титула во технички науки, Поповски е научен авторитет во областите 3Д компјутерски симулации и виртуелна реалност. Во својата академска кариера учествувал во бројни истражувачки проекти и има објавено над 50 научни трудови цитирани во светски референтни бази како Web of Science и Scopus.

По приемот на довербата од партијата, Поповски го истакна својот ангажман за заедничка работа со граѓаните:

„Со голема чест и одговорност го прифаќам предизвикот да бидам носител на победничката листа за советници во Битола. Ве повикувам да си подадеме рака, да се обединиме и заедно да градиме вредности за идните генерации и за иднината на нашиот град! Да живее Битола!“

Поповски изрази благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, и до Извршниот комитет за укажаната доверба, најавувајќи активна кампања за локалните избори.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран