Солт Лејк Сити – Федералното биро за истраги (FBI) објави фотографии од „лице од интерес“ во рамки на истрагата за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк.
Фотографиите, споделени на платформата X, прикажуваат маж облечен во црна кошула со долги ракави, бејзбол капа и очила за сонце. Од FBI нагласија дека јавноста може да помогне со информации за неговиот идентитет, но не прецизираа дали лицето е осомничено за директна вмешаност во атентатот.
Во меѓувреме, полицијата и федералните агенти пронајдоа снајперска пушка за која се верува дека била употребена при нападот за време на говорот на Кирк на Универзитетот во Јута. Напаѓачот сè уште е на слобода, а потрагата продолжува.